Search
Search

Со „медикоптерот“ пренесен пациент од Скопје во Виена, прв меѓународен транспорт

Утрово,  дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и директорот на Градската Општа болница „8-ми Септември” д-р. Христијан Костов присуствуваа на првиот меѓународен реализиран лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за медицински цели беше транспортирано лице – пациент од Скопје до Виена, Австрија.

„Оваа наша хумана мисија не само што ја демонстрира кооперативноста на двете Министерства за внатрешни работи и Министерството за здравство кон подобрување на услугите за граѓаните, туку и го потенцира значењето на интеграцијата на модерните технологии и ресурси во спасувачките и медицинските операции“, истакна Бојамацалиев. Притоа, тој појасни дека употребата на Медикоптерот претставува значаен напредок во националната способност да се пружи итна медицинска помош на тешко достапни места, но и на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи. Во оваа прилика Бојмацалиев упати честитки до вклучените во проектот.

 

АКТУЕЛНО