Search
Search

Со пари од Буџетот за 2024 година ќе се реконструира салата „Работнички“ и ќе се уредува населбата Капиштец

Советот на Општина Центар го усвои Буџетот за 2024 година. Основниот буџет е проектиран на 833.611.000 денари и со него се планираат значајни инвестиции како што се реконструкција на Спортската сала „Работнички“ во Градскиот Парк , хортикултурно и партерно уредување во населбата Капиштец – на потегот од Зебра до паркот Капиштец, реконструкција на 14 улици, меѓу кои Елисие Поповски, Светозар Марковиќ, Дебарца, Блаже Тодоровски, поставување фотоволтаици на основните училишта и друго.

Им благодарам на советниците и администрацијата на општината за сѐ што сработивме заедно во оваа година, за сите проекти што ги реализиравме во интерес на граѓаните. Благодарам за поддршката што ја дадовте за новиот Буџет за 2024 и за вашите гласови за да креираме буџет што ќе биде по мерка на сите граѓани – рече Герасимовски.

Во Буџетот е планирана е и изградба и реконструкција на повеќе спортски и детски игралишта, санација и набавка на нова урбана опрема, модернизирање на системот за јавно осветлување со воведување ЛЕД-технологија и со примена на современи техники за управување и надзор, поставување зеленило, изградба и дислокација на комунална инфраструктура.

Од Општината информираат дека освен реализација на капиталните инвестиции, со Буџетот се обвезбедени средства и за одржување на постоечката инфраструктура, сервисирање на тековните потреби за граѓаните на општината, како и проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, и други.

Проектите што се покажаа успешни во минатото ќе продолжат да се реализираат и наредната година, меѓу кои: „Нега на стари лицa“ – домашна нега со лиценцирани негуватели, еднократна помош за новороденчиња и социјално загрозени семејства, прoект за афирмирање на македонската музика „Нешто што ќе остане “, финансирање и поддршка на спортски клубови, атлетски крос – Центар 2024, субвенции за купен нов велосипед и тротинет, стипендии за талентирани ученици и деца, поддршка во образованието, набавка на смарт табли во детските градинки – соопштуваат од Општина Центар

АКТУЕЛНО