Search
Search

Со заштитни столпчиња на улицата Вело Марков ослободени тротоарите за пешаци

На барање на жителите на населба Хром, поставени се заштитни столбчиња долж улицата Веле Марков, односно на тротоарот кон паркот, каде што во минатото секојдневно се паркираа возила и го узурпираа делот за движење на пешаците.

Истовремено, спроведовме пролетна акција на полјаната во Хром, каде што беа кастрени дрвјата, беа уредувани зелените површини, а се изврши и целосно чистење. Апелираме до жителите на населеното место Хром, кои што секојдневно го посетуваат ова место, повеќе да внимаваат на одржувањето на хигиената, како и да внимаваат во однос на урбаната опрема – вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

По неколку пријави на граѓани за замена на улично осветлување, општински екипи интервениравме на неколку улици во Хром, каде што е поставено ново осветлување.

АКТУЕЛНО