Блогерката Џениса Форлано споделила фотографии од хотелска соба која може да се пофали дека го има „најдобриот поглед на светот“. Инаку, за да престојувате во собата, ќе треба да станете дел од двегодишната листа на чекање.
Форлано на „Инстаграм“ го документирала своето патување до „Доломитенхут“ – хотел лоциран во Австрија. Собата во која била сместена се вика „Адлерхорст“, а има поглед на планините.
Собата со волшебен поглед чини 85 евра од вечер со вклучен појадок. Џениса, која живее во Германија, споделила серија снимки од оваа соба.
– Собата чини 85 евра по лице, со појадок. Таа е уникатна и барана, поради што е резервирана однапред… Зарем тоа не е одлична цена за овој поглед? – прашува таа.
Џениса истакна дека има уште една слична просторија со само еден стаклен ѕид, наречена „Адлернестхен“.
Извор: Klix.ba