Search
Search

Сончево и топло, попладне умерена облачност

Во вторникот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со умерен а претежно долж Повардарието и во источниот дел од земјата со засилен ветер од северен правец (над 60 км/час). Попладне ќе има услови за мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде висок 9.

Утринските температури се во опсегот од 11 до 22, додека максималните во текот на денот соодветно ќе се движат од 28 до 38 Целзиусои степени.

Во Скопје и околината и денеска ќе биде сончево и топло со умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час). Температурата ќе достигне до 35 степени.

АКТУЕЛНО