Search
Search

Советничка објави фотографии: Градоначалникот на Бутел стои позади бунтот во „Комуналец“, на блокадите имаше членови од ВМРО-ДПМНЕ

Независната советничка во Град Скопје, Ирена Витина денеска од говорницата на Советот објави фотографии како градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ позади бунтот во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.

-На 25 мај се случува една средба на една група на луѓе во која што главните влијанија ги имаат Делијан Дардишта која што е претседател на синдикалната организација во Комуналец и еден градоначалник на општина Бутел кој што пак е сопартиец и братучед на еден спасител на градот Скопје, градоначалник во една друга општина, добар инфлуенсер од Кисела Вода. На сите медиуми ќе им ја доставам фотографијава, ова е денот кога се прави планот како да се блокира претпријатието кое што се блокираше минатиот викенд, посочи Витина, која до неодамна беше дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на градот.

Советничката побара заштита на директорката на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.

-Директорката на КХС макотрпно работи се бори со опструкции, жена е, кој од здруженијата за жени излезе во заштита како жена? Легитимно право е на секој директор да води сметка кој доаѓа и кој не доаѓа на работа, наместо најголема поддршка да и даде полни усти ни се полни со Европа, рече Витина и додаде:

-На бунтот имаше граѓани кои не се дел од претпријатието. Добро ги познавам бидејќи припаѓам на партија и можев да ги препознаам. Таму имаше членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ја попречуваа работата на вработените кои што се повеќе од 1200 и сакаат да си ги извршуваат работните задачи. Буквално беа заробени и киднапирани. Тоа беше киднапирано претпријатие, кажа меѓу другото Витина.

 

АКТУЕЛНО