Search
Search

Спасовски: Имаме осомничени за пукањето во Ист гејт, штабот во СВР Скопје интензивно работи на расветлување

„Интензивно се работи во штабот формиран во СВР Скопје. Се прибираат низа податоци и информации. Имаме осомничени лица кои би можеле да бидат сторители и се работи на утврдување на сите докази“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Канал 5 за пукањето во Ист гејт.

Тој додаде дека вистински информации се само тие кои се потврдени од институциите, а шпекулации и пишувања на социјалните мрежи имало и ќе има.

„Секогаш кога имаме нешто ново излегуваме во јавноста. Апсолутно приоритет мора да биде мирот, безбедноста и стабилноста, како и жестоката броба до последен момент со секоја криминална структура во државата“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека вкупниот криминалитет во државата за првите девет месеци од годинава е намален за 11 отсто во однос на минатата година со што продолжува тенденцијата за намалување.

АКТУЕЛНО