Search
Search

Спасовски: Партијата на Палчо мора да биде дерегистрирана

Партиите како таа на Љупчо Палевски Палчо мора да бидат дерегистрирани. Вака синоќа на вонредна прес конференција рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„И такви политички партии кои не знам со какви провиненции ова го прават, како што е таа која е формирана, таа мора да биде дерегистрирана“, рече Спасовски.

Не појасни дали веќе преземале некакви активности за да се дерегистрира партијата, која пак дозвола за регистрација добива од судот. Нејасно е зошто судот дозволил да се регистрира политички субјект кога лицето кое е регистрирано за претседател, имал серија на кривични дела.

Спасовски со реторички прашања кон новинарите на прашање за работата на партијата и заканите кон државата.

АКТУЕЛНО