Search
Search

Спасовски: Криминалните гнезда мора да се разбијат до крај, политички партии како оваа на осомничените мора да се дерегистрираат

„Мирот, стабилноста, сигурноста не може никој да ги загрозува. Вакво криминално гнездо како што е направено мора да се разбие до крај. Такви политички партии, кои со не знам какви провиненции ги правеа, како што е оваа мора да е дерегистрирана“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција на која соопшти за апсењето на осомничениот за организирање и убивање на грабнувањата на Вања и Панче.

Министерот додаде дека се истражуваат сите детали и дека во ниту еден момент нема да се остави некоја индиција да не биде истражена.

„Преку правење на политики, политиканство, коалиции, договори и влијанија од надвор сакале да направат дестабилизација“ рече Спасовски.

Тој додаде дека сите знаат какви ставови застапувале осомничените и нивната партија, што правеле и што зборувале во нивните емисии и како директно се спротивставувале на напредокот на државата, на НАТО и на европскиот пат.

АКТУЕЛНО