Search
Search

Спасовски: Потврда и доказ ќе бидат 70-тина камери дадени на вештачење и над 50-тина снимки извадени од СЕЈФ СИТИ

„Сензацијата е важна во вакви моменти. Вадење на одредени камери од приватни објекти, предавање на одредени медиуми и тн. е во рамките на таа сензација. Но, тоа не е доказ. Доказите и потврдите ќе бидат седумдесетина камери коишто се извадени и ќе се вештачат и достават до ЈО и над 50тина снимки кои се извадени од СЕЈФ СИТИ. Сето тоа кога ќе се изанализира ќе се знае во детали секоја поединост во однос на овој случај“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

Тој додаде дека МВР ги дало информациите до јавноста тоа што можело да биде соопштено.

„Немаме можност да споделуваме останати детали“, заклучи Спасовски.

АКТУЕЛНО