Search
Search

Србија во 2022 увезла близу 24 тони јаболка од Северна Македонија во вредност од 3,1 милиони евра

Според податоците на Стопанската комора на Србија, лани биле увезени најмногу македонски јаболки во вредност од 3,1 милиони евра. Македонски кромид, домати, пиперки и лубеници ги полнат српските пазари и маркети. Во текот на 2022 година најмногу се увезувале компири од Холандија и Франција, грав од Киргистан, домати од Албанија и Македонија, кромид од Холандија и Македонија, додека лукот најмногу се увезувал од Кина.

Од Македонија се увезувале и зелка и пиперки, а од Албанија краставици, а во помали количини замрзнат грашок, замрзнат спанаќ и друг замрзнат мешан зеленчук. Лубениците најмногу се увезувале од Грција, а значително помалку од Албанија и Македонија, додека дињите најмногу се увезувале од Шпанија и Албанија, но во значително помала количина од лубениците. Според податоците на Здружението за земјоделско производство и храна при Стопанската комора на Србија, лани количински биле увезени млади компири, домати и грав, а во нешто помали и кромид, замрзнат зеленчук и краставици. Доматите имале најголема вредност на увозот во 2022 година во износ од околу 21 милион евра или 14 отсто од вкупната вредност на увозот, а на втор место е гравот со вкупна увозна вредност од 20,6 милиони евра или 13,3 отсто од вкупната вредност на увозот кај нашиот северен сосед, објави Н1.

Инаку лани во Србија биле увезени околу 306 илјади тони овошје, односно за 9,1 отсто помалку во однос на претходната година во вредност од 295,7 милиони евра.

Највисока вредност на увозот во 2022 година оствариле бананите во износ од 61,2 милиони евра, веднаш потоа лимонот и портокалот, што е логично, бидејќи се работи за култури кои не се карактеристични за српската клима. Следни се агрумите, т.е. портокали од Грција, Турција, Шпанија, клементини од Грција и Турција, мандарини од Грција и Турција, лимони од Турција, Аргентина, Шпанија и Грција, како и грејпфрут од Турција. Во 2022 година се увезени 26.126 тони јаболка, со увозна вредност од 3,7 милиони евра.

Јаболката најмногу се увезени од Македонија, во износ од 23.837,8 тони и во вредност од 3,1 милиони евра. Јагодите најмногу се увезуваат од Грција, Албанија и Турција, крушите од Италија и Полска, нектарините и праските од Грција, Италија и Шпанија.

 

АКТУЕЛНО