Search
Search

Средните стручни училишта „собраа“ над 10.000 ученици

Во двете пријавувања во јунскиот уписен рок во прва година средно образование во учебната 2023/2024 се запишале 15.481 ученик, од кои речиси две третини во стручните училишта.

Министерството за образование и наука информираше дека според конечните ранг-листи во стручно образование се запишале 10.277 ученици, 4.603 ученици се запишани во гимназиите, 414  во спортска гимназија и 187 во уметничко образование.

Според наставниот јазик, 11.325 се запишани за настава на македонски јазик, 3.852 ученици за настава на албански, 298 за настава на турски и шест ученици за настава на српски јазик.

На првото пријавување, кое  се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни, се пријавиле 16.007 ученици, а на второто пријавување – на 27 и 29 јуни се пријавиле 3.371 ученик.

Пријавувањето во августовскиот рок ќе биде на 21 август до 24 часот во училиштата во кои има слободни места.

АКТУЕЛНО