Станете земјоделци да бидете богати, така направи Данска

Земјоделството е гранка која дава можност за добра заработка. Во таа насока се и повиците за поддршка на младите земјоделци за започнување со земјоделска дејност.

На оваа тема, врз основа на мојата студиска посета во Данска пред кризата, може да се земе нивниот пример, како од држава која имала релативно низок стандард за краток период станала држава со еден од највисоките стандарди во светот.

Според кажувањето на еден од домаќините, кој патем беше вработен во едно министерство во Данска, токму земјоделието била иницијална каписла за моќта на Данска.

Денес, Данска е најголем извозник на свинско месо во Европа. Како е дојдено до оваа позиција?

Пред околу 5 децении, Данските села биле речиси празни. Сите биле преселни во големите градови, а предничел Копенхаген. Поради неможноста, данската економија да издржи од таков развој на настаните, државата одлучува земјата која не се обработува да ја „позајми“ од сопствениците и да ја даде на млади луѓе кои сакаат да станат фармери.

По само десетина години од таа мерка, Данска произведува храна за свињи. Произведува и извезува свинско месо. Со отпадот прави струја, а ги тера мештаните да се здружуваат во задруги. Данска е енергетски независна со производство на струја, гас и топлинска енергија.

Токму оваа политика ја прави Данска број еден во Европа по извоз на свинско месо, зазема добар дел и во извозот на риба, а патем ресурсите како нафта и струја ретко ги извезува надвор од државата.

Наликува на социјалистички модел, но е пример како да се стане богат во сопствената држава.

Игор Мицкоски, МБА Спец. По стратегиски менаџмент

АКТУЕЛНО

Поврзани објави