Search
Search

Стојанче Ангелов: Да не се гази по стаклото на мостот „Око“

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, им порача на граѓаните да не газат по пукнатините коишто се појавиле на стаклата низ кои се оди на пешачкиот мост „Око“ на Вардар.

 

Првиот човек на ЦУк ова го извести на прес-конференција на којашто зборуваше за состојбата на мостовите и во другите региони во земјава.

 

 

– Мостот е стабилен, но стаклата се напукнати. Откако го констатиравме тоа, го известивме Град Скопје, а претставници од таму тврдат дека стаклата се безбедни. Ни рекоа дека работат на нивна замена. Не е лошо граѓаните да не газат по пукнатините, иако од Градот укажуваат дека нема да се скршат, рече Ангелов.

 

 

Ангелов кажа дека небезбедни се уште десетина други мостови низ државата. Загрозена стабилност, според него,имале мостовите кај село Ларци, Општина Градско, мостот на реката Пчиња, кај селото Пчиња, а опасен е мостот кај Визбегово.

 

АКТУЕЛНО