Search
Search

Сообраќајка кај Сити Мол, судир на возило и Брза помош

Едно лице е повредено во сообраќајката што претпладнево околу 10.30 часот се случи на булеварот „Партизански одреди“ на раскрсницата кај Скопје Сити Мол, пишува „Слободен печат“

 

Се работи за патничко моторно возило кое најверојатно удрило во семафорот на раскрсницата во правец кон Центар.

 

 

 

Сообраќајка кај Сити мол/Фото: Слободен печат
Сообраќајка кај Сити мол/Фото: Слободен печат
Сообраќајка кај Сити мол/Фото: Слободен печат

Возилото на итната помош пристигна на местото и повредениот го пренесе во болница.

На Партизанска останаа расфрлани делови од патничкото возило по ударот во семафорот.

На местото на несреќата пристигна и полиција и екипа на МВР ќе ги утврдува причините на несреќата.

Оваа сообраќајка се случи на местото каде смртно настрада како пешак 24-годишната Викторија Николова во јануари минатата година.

Токму на пешачкиот кај Сити Мол тогаш стои спомен плоча за загинатата девојка поставена од нејзиното семејство како предупредување за последиците од брзото возење на оваа раскрсница и непочитување на сообраќајните прописи и прилагодувањето на брзина.

Извор: Слободен печат

 

АКТУЕЛНО