Search
Search

Субвенции за нови велосипеди за жителите на Илинден

Општина Илинден и годинава објави Јавен повик за доделување субвенции за купување велосипеди, со кој се предвидува еднократна парична помош за граѓаните кои се жители на општината за набавка на велосипеди.

Целта на оваа мерка е да се стимулираат граѓаните за користење велосипеди, а износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување. Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи нов велосипед сметано од 12.02.2024 до 30.04.2024 година  – информираат од Илинден.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.

АКТУЕЛНО