Search
Search

Субвенции за пчелните матици

До 31-ви октомври пчеларите ќе може електронски да аплицираат за финансирање на набавка на пчелни матици и роеви од одобрени одгледувалишта.

Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу до 600 илјади денари по корисник.

Барања ќе можат да поднесуваат сите оние кои набавиле матици во приодот од 1-ви јануари до 30-ти септември 2023 година, а право на финансиската поддршка од оваа мерка имаат земјоделците кои се запишани во Регистарот на земјоделски стопанства. Корисниците на средства треба да ги имаат платено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство и долговите кон Јавното претпријатие за стопанисување со пасиштата и водниот надоместок.

Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и исполнувањето на другите барани услови.

Секој потенцијален корисник може да поднесе едно барање или две за мерките кои се ко-финансираат од Програмата за рурален развој.

Аплицирањето е електронски. Барањата-оние со ист број на бодови, се рангираат според датумот и времето на поднесување.

АКТУЕЛНО