Search
Search

„Супер лут предизвик” – Во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперчиња

Меѓународен натпревар во јадење лути пиперчиња „Супер лут предизвик” ќе се одржи денеска во Кавадарци. За најхрабрите, како што велат организаторите, предвидени се вредни награди.

Натпреварот прв пат се реализираше минатата година, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”. Слободанчо Василев од Кавадарци беше најдобар во јадење лути пиперки и освои ЛЦД телевизор, росоманката Весна Јаневска беше втора, таа доби сом од десет килограми, додека Бобан Милошевски од Скопје го зазеде третото место, а наградата беше ваучер од 1.500 денари во гостилница и еден крап.

 

АКТУЕЛНО