Search
Search

„Табановце“ – Од кен-куќичка во минатото до „One stop Shop“ брзи ленти

Табановце е еден од најфреквентните гранични премини во државата каде што се реализира 25 проценти од вкупниот број премини на товарни возила, каде што годишно поминуваат стотици илјади превозни средства и над четири милиони патници од и во земјава.
 
„Врз основа на член од Правилникот за организација и работа на органите на царинската служба и актот на Сојузна управа за царини – Белград, Управникот на царинарница Скопје ја донесе наредбата за воведување на длабинска контрола од страна на работници на царинарница Скопје на оние места каде ќе има потреба“,  ова е наредбата која четворица царински службеници, меѓу кои и цариникот Синиша Давидовиќ,  на 30 декември 1991 година ја добиваат длабинска контрола на стока со странско потекло која стапува на сила од 30 декември.
 
Со оваа наредба всушност се поставуваат зачетоците од воспоставување на граничните премини, а како дел од причините за изрекување на наредбата се обезбедување мерки на царински надзор над стока со странско потекло, спречување илегален увоз и внесување стока, посебно оружје, муниција, дрога, опасни материи, отрови и друго
 
Набрзо подоцна на локалитетот викан „Бумеранг“  кој се наоѓа на девет километри пред граничниот премин „Табановце“ е воспоставена контрола на возилата. Притоа целиот сообраќај се одвивал во една лента за влез и една за излез. Царинските службеници кои заедно со полицијата ја вршеле контролата биле сместени во една кен куќичка каде немало ниту вода ниту греење.
Цариникот Синиша Давидовиќ, вели дека на Бумеранг биле и во моментите кога војската на ЈНА ја напуштила државата.
 
Царинските службеници при вршење на контролата биле облечени како цивили како посебна безбедносна мерка, а најмногу од прекршоците биле девизни.
 
Граничниот премин „Табановце“ функционира од 1992 година
Воспоставувањето на граничниот премин Табановце е воспоставен ноќта помеѓу 26 и 27 април 1992 година. Царинската испостава Табановце функционира во доста импровизирани услови. Поставени се повеќе кен куќички, а сообраќајот се одвивал во две ленти на влез и излез, од коишто една била за патнички возила и автобуси, а другата за товарни камиони.
Долг период немало царински терминал, па царинските службеници имале мали можности за вршење контрола. Да се застане еден камион за контрола значело прекин на протокот и застој на граничниот премин. Тоа се правело само во услови на основани сомненија.
 
Во тоа време царинските службеници паметат три случаи на заплена на кафе кое тогаш било акцизна стока. И во трите случаи кафето декларирано како индустриска сол било откриено при контрола на товарни возила со кои било транспортирано. Само во една акција на контрола на товарно возило биле запленети 20 тони кафе.
Модернизиран ГП Табановце 2006
 
Импровизиран царински терминал бил воспоставен неколку години подоцна при што контролата на товарните возила била олеснета. Тогаш можеле да селектираат возило за контрола кое ќе го испратат во импровизираниот царински терминал каде можеле да се сместат околу 20 камиони, наспрема денеска кога на царинскиот терминал може да се паркираат 100 камиони.  
Царински службеници велат дека Царинската управа во тоа време била млада служба, и сите цариници вработени во неа биле вработени млади цариници на возраст од 20 до 30 години. Поттик во работата им било покажување позитивен пример и морални вредности. Меѓу оние кои ги држеле смените имало позитивен натпревар на која смена ќе бидат откриени повеќе прекршоци и ќе обработени повеќе камиони.
 
Оние кои дошле во службата од ’95 година се сеќаваат дека тогаш имало рачни царински контролници за евидентирање стока и возила кои изгледале како школски дневник.
Во текот на 1999 година воспоставени се компјутерски мрежи на пофреквентните гранични премини, меѓу коишто и на Табановце.
 
Кога почна дигитализацијата?
 
Дигитализација на граничните премини започнува во текот на 2000 година кога се поврзуваат граничните премини и се овозможува електронско поднесување на транзитни документи. Подоцна, вo 2005 година, во рамки на Проект финансиран од Светска банка, како дел од регионалната програма за олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа, е изграден и пуштен во употреба комплетно нов премин. Изградена е нова управна зграда и пуштени се нови ленти на влез и на излез.
Модернизиран ГП Табановце 2006
 
Во јануари 2012 година на ГП Табановце (со Република Србија) започнува да работи отсек за стоково царинење по постапка за извоз 24/7. Сега Табановце е модерен премин со сите пропратни инспекциски служби за извозно и увозно царинење. Воведен е „One Stop Shop“со што значително е забрзана трговијата и е олеснет транспортот на луѓе и на стока, согласно светските стандарди.  
 
Со реконструкцијата на граничниот премин и воведувањето на нов концепт на работа, намалено е времето на чекање, царинските и граничните процедури се поедноставени, а поминувањето на границата е забрзан, а со воведувањето на електронскиот систем на наплата на патарина долж трасата на Коридор 10, елиминиран е застојот со што во делот на патниот Коридор 10 ја имаме најдобрата и најбрзата рута од Северна Европа до Југоисточна Европа и оваа предност на Коридор 10 и даваме посебно значење токму преку овој концепт на брз проток на стока и патници на граничните премини.
Модернизиран ГП Табановце 2006
 
Примената на заедничкиот премин го забрзува протокот на патници, но и на товарниот сообраќај, заедничката точка помеѓу граничните премини Табановце од македонска и Прешево од српска страна е позитивен пример како регионално се соработува откако во април минатата година беше отворената и посебна лента за земјите од Отворен Балкан за компаниите, кои работат увозно-извозни постапки од трите земји, авторизирани економски оператори и зелените коридори од земјите од ЦЕФТА. 
 
Иницијативата „Отворен Балкан“
 
Водејќи се од иницијативата за Отворен Балкан да се создаде можности за компаниите и граѓаните, за целосна либерализација на транспортните услуги и непречен заемен пристап кон транспортните пазари на земјите од оваа иницијатива, а е иод големо значење за зајакнување на регионалната соработка и зајакнување на економиите и потсети оти во рамките на иницијативата се потпишани договори кои освен за олеснување на трговијата треба да придонесат и за соработка во областа на храната, фитосанитарната и ветеринарната инспекција.
Реконструиран 2023 година
 
На влезната страна на граничниот премин Прешево-Табановце помеѓу Србија и Северна Македонија е поставен знак „Отворен Балкан“, со кој се означува лентата наменета за превозници на компании од Србија, Северна Македонија и Албанија со статус на овластен деловен субјект. Лентата го подобрува, забрзува и ги олеснува постапките помеѓу двете држави на коридорот 10. Во моментов функционираат пет ленти за патнички, две за товарни и една за автобуси, а треба да се отворат дополнително и  две излезни летни.
 
Реконструкција 2023 година
 
Водејќи се од иницијативата за Отворен Балкан да се создаде можности за компаниите и граѓаните, за целосна либерализација на транспортните услуги и непречен заемен пристап кон транспортните пазари на земјите од оваа иницијатива, а дополнителен стимул ни дава и отпочнувањето на процесот на преговори со Европска Унија како единствен пазар и иднина за граѓаните. а заедничките премини се најдобар начин за намалување на чекањето и зголемувањето на капацитетите. 
 
Граничниот премин „Табановце“ преку Коридорот 10, не само што ја поврзува Северна Македонија со Србија туку ги поврзува Грција, Унгарија, Хрватска и останатите делови од Европа и тоа 
 
„One Stop Shop“ зелени коридори и нови ленти
Во последните две години, Царинската управа спроведува повеќе активности во рамките на ЦЕФТА регионот и иницијативата Отворен Балкан, со цел дополнително олеснување на трговијата во регионот и забрзување на прекуграничниот проток. Во 2019 година воспоставен е концептот на заеднички гранични премини – One Stop Shop контроли за проток на стоки и патници со Република Србија на Табановце – Прешево. Во јуни 2022 година, извршена е реконструкција, поставени се нови кабини, опремени се нови простории за работа на граничната полиција и царина на Србија, со што е овозможено контролите при проток на патнички и товарни возила да се вршат на единствено застанување на граничниот премин и тоа на влез во државата на Табановце, а на излез
на граничниот премин Прешево, на страната на Србија. 
 
На 19 март 2022 година на граничниот премин Табановце и Прешево поставена е првата табла која означува приоритетна зелена лента за товарните возила од земјите од иницијативата Отворен Балкан, како и товарни возила за иматели на одобренија за Овластен економски оператор – АЕО од Република Северна Македонија и Србија и Зелените коридори. За товарните возила од иницијативата Отворен Балкан се намалува времето на чекање на граничните премини преку даден приоритет во преминувањето на границата и спроведување на царинските формалности со
скратени и олеснети физички и документациски контроли. Покрај Табановце, ваква информативна табла Царинската управа е поставена и на граничниот премин Ќафасан. 
 
„Зелените коридори“ за проток на осетлива стока успешно и непречено функционираат во регионот со земјите на ЦЕФТА од 2021 година. Во Република Северна Македонија тие се применуваат на граничните премини: Табановце, Блаце и Ќафасан, при што важат за усогласена ЦЕФТА-приоритетната листа каде се предвидени стоките што ќе имаат првенство на минување. Листата е јавно достапна (на веб страницата на ЦУ) и содржи прехранбени производи – месо, зелeнчук, потоа медицинска опрема, лекови – точно
определени по тарифни броеви. За овие стоки Царинските управи обезбедуваат приоритетен третман при премин на границата и при царинење, a списокот на овие стоки може да се менува и усогласува со сите ЦЕФТА земји. Потпишување на Меморандум за разбирање за електронска размена на податоци со Република Грција. Исто така, информациите за овие видови стоки пред пристигнување се праќаат и се добиваат преку електронскиот систем на ЦЕФТА – СЕЕД. Идентификацијата се врши врз основа на тарифните ознаки, внесени во извозните и транзитните декларации.
 
Соња Танеска

АКТУЕЛНО