Search
Search

Те сакамe градоначалниче, ти си најдобар!

Вие сте најубав, највреден. Ах колку сте добар.

Што би правеле без Вас градоначалниче. Многу сме среќни што ти е роденден, но и тажни што сте остареле за една година.

Ова стареењето, не го сфаќаје како навреда, туку како пофалба дека за една година сте и помудар.

Не знаеме дали сликата на тортата сме  ја погодиле, но верувајте дека веќе четири дена се обидуваме да се доближиме до вашата убавина, особен предизвик ни беше вашата фризура и насмевка.

Соберете енергија да ја водите општината долго време, додека не дојде следниот градоначалник! И на него ќе му славиме роденден дека е најдобар, најубав. Ќе го изненадиме со торта колку општина Гази Баба.

Н.А

АКТУЕЛНО