Search
Search

Тепачка во ЈП „Водовод и канализација“ членови на УО се степале со обезбедувањето

Ескалира ситуацијата во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје.

Тепачка попладнево се случила меѓу членовите на Управниот одбор и обезбедувањето, објави порталот СДК.МК.

Проблемот настанал откако повторно по наредба на директорот Драган Илиевски им било забрането да држат состанок во канцеларијата на четвртиот спрат, каде со години се држат состаноци. Им било речено да одат на петиот, најгорен кат, каде нема канцеларија туку треба да држат состанок во ходник.

Членовите не прифаќале да одат на петиот кат, но обезбедувањето не ги пуштало да влезат во канцеларијата, по што настанала тепачка.

И Министерството за внатрешни работи потврди дека кај нив била пријавена тепачка во јавното претрпијатие.

„На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на ‘Водовод’ пријави дека во просториите на ‘Водовод’ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Инаку претјодно, на 3 октомври Управниот одбор на „Водовод и канализација“ во Скопје држеше седница во ходник оти салата им била заклучена.

Една од точките на дневен ред тогаш беше предлог за разрешување на в. д. директорот Драган Илиевски „поради лошата (неподобрена) финансиска состојба на претпријатието“, па затоа членовите се сомневаа дека ова беше направено по негова наредба за да се блокира работата и да не се донесе одлуката за разрешување.

АКТУЕЛНО