Search
Search
фото: Васка Младеновска, Слободен печат, тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп

Тешка сообраќајка на излез од Битола, еден загинат и дваесетмина повредени

Во  тешката  сообраќајна несреќа што попладнево се случи на излезот од Битола за Прилеп, според неофицијални информации има еден загинат, а дваесетмина се повредени од кои тројца потешко.

Првичните информации од тешката сообраќајна несреќа се дека до несреќата дошло кога патничко моторно возило со голема брзина удрило во комбе кое превезувало работници од фабриката “Кромберг и Шуберт”.

На самото место на сообраќајката од силината на ударот загина возачот на патничкото возило, а повредени се работниците што биле во комбето.
Од нив, тројца се здобиле со потешки повреди, а останатите патници во комбето се здобиле со полесни повреди.

Во Клиничката болница во Битола најголемиот дел од повредените се пренесени со полициски возила и возила што биле  на местото на несреќата, а противпожарната единица прави напори да го изнесе возачот на патничкото возило за кое очевидци на несреќата велат дека починал веднаш по сударот.

 

АКТУЕЛНО