Search
Search

Тренчевска: Минималната плата ќе изнесува 22.500 денари, а пред само неколку години беше едвај 8.000 денари

Одговарајќи на прашање поврзано со последните податоци на Евростат и минималната плата во Македонија и земјите од Западен Балкан, заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Градска.мк посочи дека тоа рангирање е направено пред најавеното покачување на минималната плата во март оваа година.

„За Евростат, тоа се податоци пред новото покачување на минимална плата во 2024 и со тоа покачување ќе одиме нешто погоре, по што Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, па и Бугарија како земја членка на ЕУ ќе имаат пониски минимални плати од нас. Меѓутоа треба да се потсетиме дека за овие неколку години, минималната плата е зголемена за 280 проценти. Кога СДСМ дојде на власт таа беше 8.000 денари, денес е 20.175 денари, со тенденција во март оваа година да биде некаде околу 22.500 денари“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека растот на минималната плата е постојан, дека усогласувањето е согласно закон и дека вкупниот раст на минималната плата во последните години е далеку поголем во однос на вкупниот процент на инфлација.

АКТУЕЛНО