Search
Search

Три месеци по вселувањето, новата општинска зграда на Ѓорче Петров официјално пуштена во употреба

После три месеци откако администрацијата на Ѓорче Петров се всели во новата зграда, чија изградба започна пред десетина години, вчера на Денот на Општината, со послан црвен тепих кон влезот и свеченост на која присуствуваа многу гости, меѓу кои и раководството и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, зградата беше официјално пуштена во употреба.

Новата општинска зграда е веќе пуштена во употреба. Администрацијата е преселена во општинските простории, односно е веќе централизирана за разлика од претходно, кога беше поделена на повеќе локации. Направена е и промена на адресните податоци во Централен регистар на РМ и новото седиште на Општина Ѓорче Петров е на улица Ѓорче Петров број 22 – изјавија од Општината небрзо по преселувањето.

Фото: Општина Ѓорче Петров

Но бидејќи сето тоа тогаш помина тивко, дури ни жителите на општината кои имаат потреба од општинските услуги не беа информирани за преселбата, вчера настанот беше свечен. Најважно е дека конечно Општината се отсели од двокатна барака стара 60 години и повеќе нема да плаќа наем за сместување.

Новата општинска зграда се простира на површина од 3.285 м2, а е поделена на 5 нивоа, со 66 нови канцеларии, 2 сали за состаноци, амфитеатар, 4 чајни кујни, тоалети и тоалети за лица со инвалидитет, два лифта и останати технички простории.

 Граѓаните на Ѓорче Петров конечно, после деценија градба, ќе добиваат централизирани услуги на едно место, а на вработените им се овозможуваат сите современи услови за работа – вели градоначалникот Александар Стојкоски.

 

АКТУЕЛНО