Три пријави до полицијата – Скопјани повторно напаѓани од улични кучиња

Три лица вчера пријавиле дека биле каснати од улични кучиња во Скопје.

– На 28.02.2024 во 12.25 часот во Полициската станица Центар, В.А.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Македонија“ во Скопје била касната од куче скитник.

– На 28.02.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Ш.(51) од Скопје пријавила дека во с.Горно Соње, скопско, била касната од куче скитник.

– На 28.02.2024 во 11.10 часот во Полициската станица Драчево, А.К.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави