Search
Search

Три жени пријавиле каснувања од кучиња

Три жени пријавиле дека биле каснати од кучиња изминатото деноноќие.

Вчера во скопското село Студеничани триесет и деветгодишна жена била касната од бездомно куче.

„На 22.01.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Драчево, М.С.(39) од с.Студеничани, скопско, пријавила дека во с.Студеничани била касната од куче скитник“.

Пеесетгодишна скопјанка била касната од куче во Карпош.

„На 22.01.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, А.С.(50) од Скопје пријавила дека на ул.„Варшавска” во Скопје била касната од куче со сопственик“.

Скопјанка пријавила дека била касната од бездомно куче на патот Жеровјане-Радиовце.

„На 22.01.2024 во 12.45 часот во СВР Тетово, 57 – годишната Л.К.С. од Скопје пријавила дека на регионалниот пат Жеровјане – Радиовце била касната од куче скитник“, информираат од МВР.

 

АКТУЕЛНО