Тројца скопјани биле каснати од бездомни кучиња

Дваесет и четиригодишна девојка пријавила дека била касната од куче во Аеродром

„На 28.11.2023 во 21.45 часот во Полициската станица Аеродром, Т.П.(24) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ била касната од куче скитник“.

Скопјанец на шеесет и шестгодишна возраст бил каснат од куче во близина на Железничка.

„На 28.11.2023 во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Д.(66) од Скопје пријавил дека во близина на Железничката Станица Скопје бил каснат од куче скитник“.

Во Драчево, скопјанец бил каснат од бездомно куче.

„На 28.11.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Драчево, Р.Д.(33) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник“, информираат од МВР.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави