Search
Search

Тројца скопјани пријавиле каснувања од бездомни кучиња

Вчера во полиција три лица пријавиле дека биле каснати од бездомни кучиња во Скопје. Куче каснал седумдесет и седумгодишен скопјанец на улица „Методија Андонов Ченто“.

„На 17.01.2024 во 13.55 часот во Полициската станица Гази Баба, В.П.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.“

Во близина на депонијата Дрисла куче каснал жител на Батинци.

„На 17.01.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Драчево, А.Л.(35) од с.Батинци, Скопско, пријавила дека на пат за Дрисла била касната од куче скитник.“

Четириесет и едногодишен скопјанка била касната од куче кај мостот Беласица.

„На 17.01.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром, К.К.(41) од Скопје пријавила дека на паркинг простор кај мостот Беласица во Скопје била касната од куче скитник“, информираат од МВР.

 

АКТУЕЛНО