Search
Search

Туризмот колатерална штета на македонско бугарскиот спор

Македонските туристички центри изгубија околу 100 илјади бугарски туристи, додека бугарските туристички капацитети останаа покуси за 400 илјади македонски туристи, велат туристичките работници. Политичкиот спор создаде одбивност меѓу бугарските и македонските туристи.

Барањето да се вметнат Бугарите во македонскиот Устав, бугарското вето за македонските пристапни преговори со ЕУ, историскиот, јазичниот и идентитескиот спор меѓу Софија и Скопје, како и тензичната политичка реторика во двете земји придонесоа да се намали интересот  и на македонските и на бугарските туристи за посета, велат туристичките работници, пишува Радио Слободна Европа.

Дополнително намален е и интересот и од албанските и косовските туристи, вели директорот на државната Агенција за поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Тоа се само дел од последиците кои ги нотира Светската туристичка асоцијација при Обединетите Нации во својот последен извештај каде што забележува 8 проценти пад на туристичката ранг листа. Јаневски вели дека овој пат е забележан во споредба на бројките со 2019 година, од пред пандемијата и до него доведуваат неколку причинители.

„Ако ги гледаме бројките за првите 6 месеци тоа се должи на неколку објективни и субјективни причини. Политичката состојба предизвика ние да намалуваме минус од 60 до 70 проценти бугарски туристи, бидејќи имаме помал број на остварени ноќевања и туристи, секако исто е и во обратен правец од нас кон нив“, вели Јаневски.

Повеќе на: РСЕ

 

 

АКТУЕЛНО