Search
Search

УЈП објави листа со имиња на луѓе и фирми кои должат за данок – Еве го списокот

На Листата на должници бр.09/2023 објавени се 1730 должници – правни лица (помалку за 82 од претходната листа) и 3375 физички лица (помалку за 12 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2023 изнесува 8.210.260.105 денари, (помалку за 367.283.742 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.026.847.383 денари, (помалку за 359.229.765 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.412.722 денари (помалку за 8.053.977 денари од претходната листа).

Листата е достапна тука.

АКТУЕЛНО