Search
Search

Уапсени 9 лица кои го урнале и отуѓиле историскиот хотел „Шар Ан“ во Скопската чаршија

МВР и Обвинителството уапсиле 9 лица, а по две се уште трагаат, откако го урнале и отуѓиле  историскиот хотел „Шар Ан“ во Скопската чаршија, за потоа да се обидат да го узурпираат просторот.  Осомничените во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје.

Станува збор за неовластено тргување со културно наследство, во кое има дела на економски криминал, а вовлечени се и лица од Агенцијата за катастар на недвижнини и од Акционерското друштво за стопансиување со станбен и деловен простор.

Лицата се теретат за повеќе дела, а според полициските информации, запленети се голем број на докази. Петмина се уапсени за злоупотреба на службената должност и овластување. Според Обвинителството, направена е штета од 3 милиони евра.

 

АКТУЕЛНО