Search
Search
Wikipedia

Убавините и легендата поврзана со Габровските водопади

Меѓу бројните природни убавини кои се познати во јавноста, има и такви за кои малкумина знаат, а претставуваат преубава глетка. Под падините на планината Беласица десно од патот Банско – Борисово во недопрената природа скриено од погледите на луѓето се наоѓа селото Габрово. Населбата е мала со околу 100 домаќинства но плени со својата селска идила, старите куќи со чардаци, љубезноста на жителите.

Wikipedia

Според преданијата и историските податоци, населбата е основана уште во средниот век, пред доаѓањето на Турците – Османлии во Струмичката котлина. Легендата вели дека селото го добило своето име поради тоа што околу него имало многу габрови дрвје (габер). Има и друга верзија за името на селото. Според неа, селото го има добиено своето име поради многуте габерливи (мувлосани) камења до селото, што се наоѓаат на западната страна од населбата, над патот што води за Колешино.

Wikipedia

Ладната и бистра вода од водопадот било место на кое летно време габровчани се разладувале и уживале а дека било и нивно омилено место зборува и фактот дека порано овде се славел и христијанскиот празник Св. Илија инаку заштитник на селото. До неодамна се знаеше само за еден водопад меѓутоа прекрасната слика на ова место ја наполнуваат и двата водопади до кои можеа да дојдат само селаните кои добро ја познаваат планината.

Денес водопадот е модерно уреден и отворен за сите љубители на природните реткости и убавини. Покрај веќе надалеку познатиот прв водопад сега за туристите се достапни и останатите втор и трет водопад коишто Општина Струмица со проектот „Доуредување на габровскиот водопад“ ги направила пристапни за сите оние кои се љубители на прирадата. Со доуредувањето на трите габровски водопади дополнително се поставиле летниковци, клупи, маси, и канти за отпадоци исто така се направиле и три мостови за полесен пристап до последниот и најубавиот водопад.

АКТУЕЛНО