Search
Search

Ученици од осум училишта во општина Центар преку цртежи пратија силни пораки за мултикултурализмот и различностите

ЦИВИЛ во соработка со Општина Центар денеска одржаа јавен мултимедијален настан на тема “Заедно за подобра иднина“, на кој беа изложени ликовни креативни творби од ученици од осум училишта од општината. Настанот се одржа во културниот центар „Јадро“.

Учениците преку своите цртежи изразија свои гледишта за тоа како треба да изгледа светот, како и најблиското опкружување, нагласувајќи ја почитта кон различностите.  Една од најсилните пораки од младите уметници гласи „Исти сме, иако сме различни“.

За најуспешните цртежи, беа доделени симболични награди од страна на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, а претседателот на ЦИВИЛ им подели благодарници на учениците, менторите, училиштата и градоначалникот.

Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите.

Мултимедијални настани „Заедно за подобра иднина“ се одржаа и во Општините Чаир, Кочани, и Гостивар на кои учениците преку ликовни творби, изразија силни пораки за мултикултурализмот.

АКТУЕЛНО