Угина Флопи, последната жирафа во скопската Зоолошка градина

„Рики друже, чувај ги горе Каспер и Тобого. Ќе фалиш“, напиша Тина Мицковска, задолжена за односи со јавност во скопската Зоолошка градина, на својот Фејсбук профил, како проштална порака за нејзиниот прерано починат колега Ристе Трајковски, кој работеше како чувар и негувател на животните. И додека од него, преку социјалните мрежи, се простуваат и останати колеги и пријатели, нова лоша вест од ЗОО Скопје.

Неколку часа по смртта на Трајковски, почина и жирафата Флопи, последната во ЗОО Скопје. Неофицијално, обидите за нејзино спасување траеле два часа. Се чека официјално соопштение од ЗОО Скопје за причините за смртта на Флопи. Телма се обиде да контактира со в.д. директорот на ЗОО Скопје, Зоран Попов, но тој не одговори на телефонски повици и пораки.

Угинувањето на жирафата Флопи е последниот во низата немили настани што се случија во изминатиот период во институцијата. Жирафата Каспер почина од салмонела, со силен отров беа отруени ретките пржевалски коњи, а зоолошката го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми – ЕАЗА.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави