Search
Search

Уште еден триумф на Музејот на современа уметност – Скопје во Прага

Синоќа Прага живееше во духот на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final.
The Skopje Solidarity Collection“, која се отвори во Националната галерија, пред повеќе од 1000 посетители, кои дојдоа да ги погледнат
делата од уникатната колекција на МСУ – Скопје.

Помеѓу бројните посетители имаше многу интернационални уметници и куратори, културни работници, љубители на уметноста, кои работат и
живеат во Прага, но и посетители кои специјално допатуваа за овој настан. Уште еден триумф на Музејот на современата уметност, чија изложба
првично беше отворена минатата година во престижниот простор Кунстхале Виена, каде за девет месеци ја видоа повеќе од 75 000 илјади
посетители.

Поставката за солидарно Скопје со дела кои светски познатите уметници ги подарија на МСУ, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, каде како последица на многуте човечки загуби светот повика на солидарност, вчера во Националната галерија, темата солидарност предизвика и мирољубиви активисти, кои влегоа во галеријата на самото официјално отворање. Тие повикаа на солидарност и мир во подрачјата погодени од
воените конфликти денес во светот. Фрлјаќи летоци и повикувајќи прекин на страдањата предизвикани од војните во светот се надоврзаа на солидарноста, како концепт на изложбата, што подразбира сочувство кон страдањата на другиот. Ова зборува за важноста на изложбата, нејзиниот потенцијал да се поврзува со актуелните општествени проблеми денес.

„Изложбата е збир емоции, секој дел од неа раскажува различни наративи, обединети под поимот солидарност“, беа дел од коментарите на
посетителите.

Особено Македонците кои живеат во Прага и кои се нетрпение го дочекаа отворањето, реагираа емотивно, чувствувајќи се горди на Музејот на современата уметност и нашата земја, потенцирајќи дека „Ова е голем настан, кој ја потикнува меѓународната солидарност, вечерва сме горди
што сме Македонци“.

Инаку,од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи
уметници, вклучени во овој проект. Na истиот концепт е заснована и оваа изложба во чешката Национална галерија и додадени се уште 54 дела
од колекцијата на нашиот музеј.

Првично замислена и прикажана во Кунстхале Виена, минатата година, изложбата во изменета верзија е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од самата НГП, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам. Солидарната колекцијa се врти околу две перспективи. Првата е фокусирана на уникатната збирката на МСУ Скопје. Втората перспектива е онаа на современите уметници, кои беа поканети од кураторскиот колектив „What, How & for Whom“, кои го креираа концептот на поставката: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале Виена), Наташа
Илиќ и Ивет Ќурлин.

АКТУЕЛНО