Search
Search

Уште една хероина заѕвони на ѕвончето на Детска клиника

Здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители САНО објави видео од малата Ангела, која се избори со тешката болест и заѕвони на ѕвончето на онколошкото одделение во Детската клиника.

Нека грми се од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома! Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести! Бравооо, те сакаме херојке наша, објавија од „САНО“.

Ангела вчера си замина дома, а во целиот процес имала голема поддршка од нејзиниот брат Дамјан, кој заедно со неа заѕвони на ѕвончето.

Завршувањето на лекувањето на децата се одбележува со ѕвонење на ѕвонче и аплауз од персоналот на Детска клиника.

АКТУЕЛНО