Search
Search

Утре и задутре ќе се прска против комарци

Град Скопје ги известува граѓаните дека утре и задутре, во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

Од Град Скопје ги  известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

АКТУЕЛНО