Search
Search
ФОТО: Градски паркинг

Утре слободно паркирање на повеќето паркинзи на ЈП „Градски паркинг“

Скопјани ќе можат утре, на празникот Рамазан Бајрам, бесплатно да се паркираат на повеќето паркиралишта кои се во надлежност на ЈП „Градски паркинг“, но не и во катните гаражи, каде ќе се врши редовна наплата.

Од претпријатието информираа дека јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и Осми Септември, ќе бидат слободни за паркирање.

Jавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата. Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот – соопштија од ЈП „Градски паркинг“.

АКТУЕЛНО