Утрово најстудено на Попова Шапка каде се измерени -7 степени.
По него следуваат -6 Маврови Анови, -4 Крушево, -2 Прилеп, -1 Битола, Тетово, Куманово, Крива Паланка, Штип, Берово.
Околу 0 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје Петровец, Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Виница, 1 степен во Претор, Струмица, 2 во Дојран, Гевгелија.
Најмногу дожд со измерени 5 l/m2 во Берово, Демир Капија, 3 l/m2 Крива Паланка, Попова Шапка, Маврови Анови, Гевгелија, 2 l/m2 Тетово, Крушево, 1 l/m2 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Виница, Дојран.
8 см е висината на снежната покривка во Попова Шапка, додека пак во Тетово, Прилеп, Ѓуриште е 1см.
Во текот на ноќта и утрово времето беше променливо облачно со локални врнежи од снег. Дуваше умерен, наместа засилен северен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина над 60, а во Крива Паланка до 50км/ч.