Search
Search

Утрово најстудено во Скопје – Петровец, Тетово, Берово и Струмица

Утрово најстудено е во Скопје – Петровец, Тетово, Берово, Струмица, -2 степена, а 12 сантиметри снег има во Маврови Анови.

До 07:30 часот, како што информира УХМР, измерени се -1 степен во Лазарополе, Битола и Демир Капија, 0 во Скопје – Зајчев Рид, Попова Шапка, Прилеп, Крива Паланка, Штип, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 1 во Претор, 2 во Маврови Анови и Охрид, 3 во Дебар и Крушево, како и 4 во Куманово и Виница.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините со појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје сончево, магливо и тивко. Во текот на ноќта ќе има значителна ниска облачност и појава на магла. Максималната температура ќе достигне 8 степени. 

АКТУЕЛНО