Search
Search

Валенсија – Европска зелена престолнина за 2024 година

Шпанскиот град Валенсија денеска официјално станува европска зелена престолнина за 2024 година, преземајќи ја оваа титула од минатогодишниот носител, естонскиот главен град Талин.

На церемонијата на преземањето на титулата, заменик градоначалникот на Талин, Тит Терик формално на градоначалничката на Валенсија, Марија Хозе Катала ќе и ја предаде европската „Зелена книга“.

По повод примопредавањето на титулата, еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус изјави дека Валенсија станува европска зелена престолнина благодарение на нејзината амбициозна стратегија за одржливост и користењето на искуствата од минатото.

– Со децении градот се напредува предводен од смело граѓанско движење кое спроведува вистинска промена. Валенсија оваа година ќе ги подобри искуствата на граѓаните и ќе ги поддржи уште повеќе во реализацијата на промените што сите треба да ги спроведеме за подобра иднина, нагласи Синкевичиус.

 

АКТУЕЛНО