Search
Search

Ви се истури кафе на тепихот? Еве како најлесно да ја исчистите дамката

Излевањето на кафе на вашиот тепих може да изгледа како ноќна мора, но постои лесен начин да ја отстраните дамката, без разлика дали станува збор за свежо истурено кафе или постара дамка.

Иако чистењето може да потрае некое време или да бара брз одговор, дамките од кафе може да се исчистат.

Постојат неколку начини да ги отстраните дамките, а наједноставен и најбрз е со помош на состојка која сите ја имаме дома – алкохолниот оцет.

Како да ги отстраните свежо истурените дамки од кафе?

Ако штотуку сте истуриле кафе, покријте го местото на дамката со оцет и потоа почнете да го триете со четка натопена во вода. Дамката треба да исчезне многу брзо. Со оглед на тоа дека оцетот има интензивен мирис, тој дел од тепихот исплакнете го со топла вода и проветрете ја просторијата.

Како да ги отстраните старите дамки од кафе?

Отстранувањето на дамките од свежо кафе од теписите обично е многу полесно од старите. На старите само ќе им треба малку повеќе време и труд.

За да ја омекнете дамката, додадете кујнска сол и оставете ја да отстои неколку часа. Солта ќе ја извлече влагата од тепихот и силните пигменти од кафе. После тоа, отстранете ја солта и измијте со топла вода.

Ако дамката е особено упорна, повторете ја постапката уште еднаш и не грижете се, дамката ќе исчезне.

 

АКТУЕЛНО