Search
Search

(ВИДЕО) Афирмација на Скопје и туристи – Што очекуваат скопјани од Европска престолнина на културата

„Загреани“ од еуфоријата на првите моменти по објавувањето дека Скопје е избрана за Европска престолнина на културата, градот и целата земја беа исполнети со огромно возбудување и гордост. Планирањето за настани и активности ширум градот започна со голем ентузијазам, а многумина го видоа ова како прекрасна можност да се промовира богатството и разнообразноста на македонската култура пред целиот свет.

Градска.мк ги праша скопјани за нивното расположение во врска со ова престижна титула. Нивните одговори се различни. Некои не знаат дека Скопје е избрано за ова титула, но многумина пак велат дека е уникатна можност за да се промовира градот во меѓународна сцена.

„Афирмација на Скопје и на државата, развивање на туризам“, беа одговорите на граѓаните.

Целта на оваа иницијатива е да се поддржи културната размена, да се зголеми свеста за значењето на културата во општеството, да се поддржи креативниот и културниот сектор, како и да се укаже на културното наследство и иновациите во културната сфера на Европа.

За потсетување Европска престолнина на културата е програма на Европската Комисија започната во 1985 година. Идејата за ЕПК се иницира и започнува во 1985 година по предлог на тогашната грчка министерка за култура Мелина Меркури (актерка). Европската престолнина на културата прерасна во еден од најамбициозните културни проекти во Европа и стана една од најпознатите и најценетите активности на ЕУ. Целта на ЕПК е да се промовира различноста на културите во Европа, да се истакнат заедничките карактеристики и да се поттикне придонесот на културата во долгорочниот развој на градовите.

 

 

АКТУЕЛНО