Search
Search

ВИДЕО Бил Гејтс: Госпоѓо, дали навистина мислите дека ве чипувам и следам?

Милијардерот Бил Гејтс во последните години е во центарот на бројни бизарни теории на заговор.

Поединци се уште веруваат дека тој ја „организирал пандемијата на ковид-19“ за финансиска добивка и дека „чипирал луѓе со вакцините“, но и дека купил земјоделско земјиште со цел да ги „изгладнува Американците“.

Основачот на „Мајкрософт“ сега открива теорија на заговор поради која бил запрен на улица, пренесува LadBible.

Тој гостуваше во подкастот The Rest Is Politics и спомна неколку непријатни ситуации.

„На сето тоа мора да се насмеете. Некој ми пријде на улица, тоа се случи повеќе пати, рече дека сум го чипирал и дека го следам наоколу?! Госпоѓо, зошто би сакал да знам каде се движите? Дали навистина верувате дека така го поминувам времето?“, изјави Гејтс.

 

 

 

 

Милијардерот спомна и други тврдења кои кружат низ мрежите:

„Кога велат дека профитирам од вакцините или дека вакцините се лоши за децата“, додаде тој и откри дека има луѓе кои следат теории на заговор и оценуваат дали се „надвор од контрола“.

„Ако тие станат премногу распространети, тогаш сакате да одговорите“, рече Гејтс.

Бизарната теорија дека Гејтс ги „чипира луѓето“ беше актуелизирана за време на пандемијата на корона.

Поединци веруваат дека со „вметнување микрочипови во луѓето“, користејќи вакцини, основачот на „Мајкрософт“ сака „да ја преземе контролата врз населението“.

Гејтс се огласи и на социјалните мрежи, каде зборуваше за теориите на заговор.

„Уште во 2015 година, предупредив дека може да има пандемија што ќе предизвика десетици милиони смртни случаи. Мојата фондација финансира истражување за вакцини за да спаси животи. Трошам милијарди на вакцини и горд сум што тие помогнаа да се преполови бројот на смртни случаи во последните 20 години. Идејата за чипови нема смисла“, истакна тој.

Еден корисник се надоврза на одговорот, посочувајќи дека постои полесен начин да се следат милијарди луѓе овие денови:

„Зошто да користиме вакцини кога сите носиме телефони?“.

АКТУЕЛНО