ВИДЕО Дали Скопје е чист или нечист град – Граѓаните со поделени мислења!

Скопје, како голем и густo населен град и со многу возила, отсекогаш страдал од проблемот со градската чистота. Можеби не секогаш вината е на градските власти, но факт е дека градот има хроничен проблем со чистотата.

Скопјани за овој проблем отсекогаш изразуваа загриженост поради забележаното загадување и нечистотијата што се забележува во различни делови на градот.

Овој проблем, што постои веќе долго време, сега добива поголемо внимание како предмет на јавна дебата и размислување. Многумина сметаат дека причината за овој проблем не е само во недоволните градски сервиси, туку и во културата на народот.

За тоа колку е чист или нечист Скопје, Градкса.мк направи кратка анкета за да го најде точниот одговор.

Некои граѓани изразуваат став дека нечистотијата е резултат на односот на луѓето кон јавниот простор, како и на неодговорното однесување кон зачувувањето на животната средина, други прстот го вперат кон градските власти.

„Кога го направија овој плоштад, секоја ноќ имаше луѓе што полираа, веќе тие луѓе не постојат. Фонтаните се за жалење види на што личат! – беше одговорот на една скопјанка.

А друг граѓанин вели дека зависи која улица ќе ја поминеш! Некои се чисти, другите се во незавидна состојба.

Скопје, според граѓаните, е прилично нечист град. Надлежните не го чистат баш како што треба, ама и скопјани претеруваат со лошите навики да расфлаат ѓубре насекаде. Лекот за подобра хигиена во Скопје е да се чисти повеќе, но и жителите да станат поодговорни.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави