Search
Search

ВИДЕО – Имавме Луна парк, а сега имаме едно „големо ништо“

Како изгледаше Скопје во 70-тите години, а како Скопје изгледа денес. Од некогашно место за забава, до најголемо „ништо“ денес, во зеленото срце на македонската метропола. Некогашното место каде израснаа и се забавуваа десетици генерации, повеќе од деценија е оставено во заборав. Скопскиот Луна парк некогашната главна атракција и натаму е само сеќавање за некои минати поубави времиња.

Коце Трајановски го почна, Петре Шилегов го стопираше за да изгради забавен парк, а Данела Арсовска  целосно го запостави проектот за луна парк.

Како изгледаше Луна парк во Скопје

Копнежот и носталгијата за духот на старо Скопје е секогаш присутен меѓу старите скопјани кои градот го сакаат и паметат како роден град, град на своето невино детство, град на својата луда младост…

Посебни емоции будат спомените за забавниот парк – место каде некогаш се собирале мајките и татковците, бабите и дедовцие заедно со своите најмали..

Некогаш ова забавно катче нудеше многу реквизити како панорамско тркало, рингишпил, колички за удирање и вовче кое сообраќаше во зелениот дел од паркот.

Погледнете низ следнове видеа како изгледал забавниот парк во Скопје неколку години по земјотресот, во 1977 година и 1980 година.

 

АКТУЕЛНО