Необичен настан се случи во Приштина, каде станар фрли машина за перење од балкон на третиот кат.
На видеото кое е објавено на Фејсбук групата „Соседска стража“ се гледа како мажот ја фрла машината за перење од трет кат на зграда во приштинската населба Лакриште. Постапката е опасна и недозволива ако се има во предвид дека долу има и детска градинка.
Нема официјално соопштение од косовската полиција за настанот кој осамна на социјалните мрежи и предизвика загриженост на граѓаните поради ваквото однесување на поедници.