Search
Search

ВИДЕО Можеби е мала, но Северна Македонија е дом на 70-90 отсто од природниот диверзитет во Европа

Северна Македонија зазема 0,5% од територијата на Европа, но е дом на 70-90% од природниот биодиверзитет во Европа токму затоа Швајцарија преку посебна програма која траеше 12 години ја поддржа Владата, локалните самоуправи, како и сите засегнати чинители да може одржливо да ја зачуваат и да управуваат со природата во овој регион.

Програмата беше клучна за прогласување на Малешево и Осогово за заштитени подрајча, изработка на план за управување со истите и спроведување на планот. Преку програмата произлезе и документарецот Медена Земја и се започна со органско медарство за македонската пчела (автохтона во овој регион), произлезе и понуда за одржлив туризам меѓу многу други добри постигнувања. Постигнувањата беа презентирани преку визуелни проекции на завршниот настан, кој се одржа на 25 јануари во Национална опера и балет во Скопје беа промовирани клучните резултати од Програмата за зачувување на природата, кои беа реализирани во трите фази од Програмата, во период од 12 години.

„Следејќи ги швајцарските искуства, Програмата работеше на промена на ставот дека зачувувањето на природата и прогласувањето на заштитени подрачја не води кон стопирање на локалниот економски развој, напротив, зачуваната природа и нејзиното правилно користење води кон одржлив развој од кој најголемите придобивки ќе ги добие локалното население на долгорочна основа. Сега кога веќе мразот е скршен се надевам дека овие процеси ќе продолжат полесно во остварување на Националните цели, но и целите на европско и меѓународно ниво“ истакна Тим лидерот на Програмата за зачувување на природата, Марјана Шушлевска која се осврна на главните постигнувања и влијанието што го оствари Програмата на национално и локално ниво.

Како дел од настанот беше презентирано и видео кое ги синтетизира различните компоненти од Програмата. 

„Да градите партнерски односи 12 години не е едноставна работа. Се соочивме со многу предизвици, но и со многу успешни резултати“ истакна министеркатаза животна средина Каја Шукова во поздравното обраќање, нагласувајќи дека Швајцарската Конфедерација со која имаме 30 годишни дипломатски односи, покрај Европската Унија, е најголем подржувач на земјата во заштитата на животната средина.

Таа изрази надеж дека заедничката работа на вакви програми, и тоа не само во заштита на природата, туку и во имплементација на инфраструктурни проекти во делот на заштитата на водите и другите области на животна средина ќе продолжи и понатаму, бидејќи Швајцарската Конфедерација има големо искуство кое несебично го споделува со нас, а тоа е секако е нешто што треба да го вреднуваме, почитуваме и од што треба да учиме.

Во своето обраќање амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија – Нејзината екселенција Вероник Улман, се осврна на соработката и поддршката што Швајцарија ја дава на Република Северна Македонија во изминатите 30 години:

„Уште на почетокот на воспоставување на дипломатски односи и соработка Швајцарија беше силен поддржувач на заштита на природата, восхитување на убавината на природните убавини и богатиот биодиверзитет во Северна Македонија. Препознатливата швајцарска експертиза и добри практики во одржливо управување со природните ресурси беа вградени во нашата 12 годишна „Програма за зачувување на природата“, и со истите остануваме посветени да и понатаму ја поддржуваме земјата во справување со ефектите на климатските промени и зајакнување на отпорноста на екосистемите.“.

На настанот присуствуваа голем број претставници на дипломатските претставништва, меѓународни организации, национални и локални институции од државата, како и локалните чинители кои беа диреектно вклучни во активнстите на Програмата.

Тие имаа можност да ги проследат постигнувањата на Програмата, преку креативни и мултимдеијални алатки, како и да ги слушнат искуствата од локалните чинители кои беа директ но вклучени во реализација на активностите. 

 

АКТУЕЛНО