Search
Search
Фото/Градска редакција

ВИДЕО Наместо да се затвори дивиот премин кај Бит пазар, се затвори пешачкиoт мост

Дивиот пешачки премин кај Бит пазар создава колони со возила во булеварот  Крсте Петков- Мисирков, несигурност кај пешаците и хаос во тој дел од градот.

Моментално и пешачкиот мост е затворен за поминување во двете страни на булеварот, на самите два влеза на мостот поставени се железни врати.

Долго време никако да се најде решение за овој див премин, екс -градоначалникот Петре Шилегов се обиде со изградба на пешачкиот мост но изгледа и тоа не е решение, сега е целосно затворен.

И кога беше во употреба мостот, дивиот пешачки премин не се затвори.  Од општина Чаир во неколку наврати велат дека за булеварите е надлежен Град Скопје, додавајќи дека овој премин бил легален во минатото, но оти со промената на режимот на сообраќај биле направени нови премини, но стариот никогаш не бил затворен. Во минатото тука имаше и загинати пешаци.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО