Search
Search

ВИДЕО: Огнена линија од 4 километри на Исланд, опасност од гас над Рејкјавик по ерупцијата на вулканот

Вулканот во југозападен Исланд еруптираше вчера по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти државната метеоролошка служба. Властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Blue Lagoon на островот Рејкјанес.

На снимката и на директните преноси на локалната новинска агенција RUV се гледа како излегува лава.

Ерупцијата „потенцијално би можела да трае неколку месеци“ или би можела „само да престане денес или утре“, вели Халдор Геирсон, вонреден професор на Институтот за науки за Земјата на Универзитетот во Исланд.

Професорот Геирсон рече дека локацијата на ерупцијата значи дека најголемиот дел од лавата тече во област каде што има малку инфраструктура – но тоа може да се промени. „Се уште постои закана за Гриндавик, сигурно. Сега лавата тече главно на север, но зависи од топографијата и од тоа каде се отворите“, рече тој.

Моќта на вулканската ерупција се намалува, но главниот град на Исланд е во опасност од загадување со гас, објави Метеоролошката служба на земјата. Загадувањето со гас од ерупцијата најверојатно ќе го погоди Рејкјавик вечерва или утре, се вели во соопштението.

„Според временската прогноза, доцна вечерва или утре претпладне може да се забележи загадување со гас во областа на главниот град“, се вели во соопштението.

 

АКТУЕЛНО